ФОТО: Георгина Родригез заврши во болница

 

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, имала сериозен здравствен проблем поради кој морала да помине четири дена во болница.

Георгина имала пневмонија и затоа морала да се лекува во болница.

Таа на својот Инстаграм објави фотографија на која се уште е во болница, со бронила на раката, но и со цвеќиња кои очигледно и ги испратило семејството. На фотографијата се гледа и порака потпишана од синот на Роналдо, Кристијано Јуниор.

– Конечно се вратив дома. Поминав четири дена во болница со пневмонија и сега сум подобро, но се уште закрепнувам дома со моето семејство. Морам да изразам голема благодарност до сите членови на болницата, лекарите, медицинските сестри и сите во болницата. Многу се грижеа за мене и многу сум благодарна за тоа – напиша Георгина на Инстаграм.

25.10.2024 - 21:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега