Вработените во ЈУ Национален парк „Пелистер“, во соработка со локалното население од подпелистерските села Трново и Магарево, извршија уредување на дворовите на црквата „Пресвета Богородица“, основното училиште и џамијата во Трново, како и на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Магарево, каде се поставени нови клупи и места за одмор.

Станува збор за локации кои претставуваат дел од богатото културно-историско наследство на регионот и значајни верски и културни споменици, кои најчесто се посетувани од жителите на поширокиот битолски регион.
Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ посочуваат дека континуирано се посветени на соработка со локалното население и изразуваат благодарност за поддршката во насока на зачувување на природното и културното богатство.
Како што информира директорот Иванчо Тошевски, ваквите активности се дел од континуираните напори за унапредување и одржување на просторот во рамки на паркот.