(ФОТО) Џамбазов со емотивна порака: „Збогум, драг мој Мешко“

Збогум, драг мој Мешко. Со овие зборови македонската легенда Игор Џамбазов се прости од својот колега Димче Мешковски, кој беше македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.
„Има ли име ова? Оваа тага...
Низ главава ми експлодираат спомени.
Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари...“, напиша Џамбазов на социјалните мрежи простувајќи се од својот колега Мешковски.

21.03.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа