На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Љ.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава.


