ФОТО: Девојка од Јапонија отишла на доктор поради силни болки во грлото - откриено што ѝ пронашле во крајникот

25-годишна девојка од Токио посетила доктор поради болка во грлото. Иако мислела дека станува збор за обична настинка, открила дека болката е предизвикана од нешто сосема поинакво.

Во левиот крајник докторите од болницат Сент Лук пронашле жив црв. Лекарите црниот црв го отстраниле со пинцета.

Црвот бил долг 38 милиметри и 1 милиметар широк, а откако бил изваден од крајникот се уште бил жив. Идентификуван е како круглест црв нематод, еден од неколкуте паразити кои луѓето може да ги добијат ако јадат сирова рива или месо.

Пацинетката на лекарите им потврдила дека пред дена пред да ѝ биде изваден црвот јадела сашими, јапонско благо кое се состои од свежа сирова риба или месо исечено на тенки парчиња кои се потопуваат во сос од соја/ Лекарите објасниле дека во сировата храна имало ларва која се развила во грлото на нивната пациентка.

Меѓутоа, нејзиниот случај не е единствен. Лекарите предупредиле дека ширум светот има пријавени вакви случаи затоа што луѓето јадат сусши и сашими.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега