(ФОТО): Детали за двојното убиство вечерва во Скопје - врие полиција кај Кале

Пукање во угостителски објект на улица „Самоилова“ се случило пред околу половина час во близина на кафичот „Шиша бар“. Според неофицијални информации, има две жртви. 

Исто така, според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје. Престрелката се случила поради претходно нерасчистени сметки. На местото на настанот има зголемено полициско обезбедување.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека детали ќе има откако ќе биде извршен увид на местото на настанот. 

06.03.2023 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега