ФОТО: Даниела Арсовска на чај во Старата скопска чаршија

На пладневна прошетка низ Старата скопска чаршија, кандидатката за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска, заедно со Беким Сали, кандидат за градоначалник на Општина Чаир и Зуди Кока, носител на листа на советници на Општина Чаир ги посетија дуќаните и разговараа со занаетчиите за нивните дневни активности, дали духот на скопското култно место сѐ уште е присутен.

– Чаршијата е омилено место на многу скопјани, уникатна и полна со традиција претставува обележје на градот. Многу малку држави имаат вистинска стара чаршија каква што имаме ние и затоа сметам дека треба локалната власт да се вклучи повеќе во одржување на автентичноста на чаршијата како и со поддршка за занаетчиите во нивната дејност. Нема некој кој не ја посетил и кој не е воодушевен од неа. Таа е центарот за собирање на сите генерации, голем број на уметници, многубројни туристи. Тесната калдрма, занаетчиските објекти, чајџилници, музеи, цркви, џамии и амами се само дел објектите од чаршијата. Живее во духот на традицијата и крие интересни приказни за едно минато кое оставило белег буквално во секое ќоше. Но потребно е континуирано да се вложува во програми за заштита и реставрација на културното богатство.

Денеска со Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир и Зуди Кока, носител на листа на советници на општина Чаир ја посетивме Старата скопска чаршија и разговаравме со занаетчиите за нивните дневни активности.  – напиша Арсовска.

24.09.2021 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега