ФОТО: Четири фризури кои ги подмладуваат жените над 50 години - елегантни и лесни за одржување

 

Зрелите години имаат неколку предности, а една од нив е што трендовите за фризури не се менуваат толку често како во младоста. Познатите дами претпочитаат фризури што имаат моќ да ја вратат младоста на лицето, а во продолжение погледнете за какви фризури станува збор.

1. Пикси фризура

Асиметрични пикси фризури, разиграни боб варијанти или степенесто истрижена коса се само некои од фризурите што фризерите им ги предлагаат на жените над педесет години.

2. Неуредна пунџа

Селма Хајек неодамна ја покажа својата таканаречена неуредна фризура – „невнимателна“ пунџа за која доби многу комплименти.

Фризури што подмладуваат најчесто носи и Џенифер Лопез, поради што ретко кој би ѝ дал 51 година.

Никол Кидман ја освежи фризурата со заводливи прамени по лицето.

3. Шишки

Шишките се одличен начин да ги скриете годините, а доказ за тоа е холивудската актерка Хали Бери.
Долгата коса истрижена степенесто и шишките што ги покриваат брчките и ги ставаат очите во преден план се одличен избор за дамите над 50 години.

4. Степенесто истрижена коса

Ако сепак претпочитате долга коса и не сакате да се откажете од неа, треба да внимавате да не биде предолга бидејќи во спротивно ќе го изгуби волуменот.

Поранешната манекенка Кејти Џејкобс, која има 56 години, позираше за изданието „Sport Illustrated“ и гордо ја покажа својата сјајна и бујна коса која е резултат на слоевитата фризура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2020 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега