Ѓорѓе Васиќ познат како Џина Папас Џокси, се огласи по краткотрајното, но интензивно невреме кое го зафати Скопје и на Фејсбук раскажа што му се случило.
-Ветерот беше страотен. На затворена врата од едниот балкон пукна џамот, а ролетната од спалната летна. Сме ја држале вратата да не се откорне.
Не ми е јасно како се скрши само внатрешниот џам од термопанот!?, напиша Џокси и објави фотографии.
Последните податоци на МВР говорат дека во Скопје имало најмногу штети од невремето. Според МВР, најголеми последици се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера биле евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица.


