Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: 115 средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    ФОТО: 115 средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    19.08.2026 во 09:592 Mins Read
    Орце Ѓорѓиевски - Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од денес започнуваат најубавите летни авантури – исполнети со знаење, нови искуства, пријателства и спомени кои ќе останат засекогаш! Ова на Фејсбук го напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

    -„Утрово, 115 ученици од средните училишта во Скопје заминаа за Охрид, каде ќе бидат дел од бесплатниот наставно-научен едукативен камп кој го организираме.

    Сакавме на младите да им создадеме можност летото да го поминат поинаку, не само со одмор и дружење, туку и со учење, истражување, откривање нови интереси и развивање на сопствените потенцијали.

    Во текот на престојот, учениците ќе учествуваат во научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, спорт и рекреација.

    Ќе учат да размислуваат критички, да истражуваат, да поставуваат прашања, да ги претвораат идеите во дела и да ја почувствуваат вистинската вредност на тимската работа.

    Особено внимание ќе биде посветено и на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини, затоа што верувам дека секој млад човек треба да добие простор да го открие својот талент, да изгради самодоверба и храбро да зачекори кон својата иднина.

    Покрај образовниот дел, учениците ќе имаат можност да го запознаат културното и историското богатство на Охрид, да се дружат, да разменуваат искуства и да создадат нови пријателства.

    Од 25 до 31 август, во Охрид ќе престојува и втората смена од уште 115 ученици.

    Нашата задача не е само да им кажуваме на младите дека тие се иднината, туку да инвестираме во нив, да им отвораме врати, да им даваме можности и да создадеме услови во кои ќе можат да станат најдобрата верзија од себе.

    Затоа што секое ново знаење, секоја стекната вештина и секој охрабрен млад човек е инвестиција која му се враќа на целото општество.

    Учи. Истражувај. Создавај.

    И никогаш не престанувај да веруваш дека можеш повеќе!”, напиша тој.

    Featured Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.