Форум: Интензивирање на младинската соработка меѓу Македонија и Бугарија

Агенцијата за млади и спорт денеска во Струмица организира еднодневен Форум, во рамки на оперативниот план на Меморандумот за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија во областа на младите.
 
Тема на форумот е „Размена на искуства во областа на политиката за млади на локално ниво”, а целта е учество на активни млади луѓе, како и интензивирање на младинската соработка помеѓу С Македонија и Бугарија.
 
На форумот ќе учествуваат  директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и заменик министерката за млади и спорт на Бугарија, Диана Иванова.
20.05.2022 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега