Формирана Комисија што ќе ги проценува условите за настава со физичко присуство
Владата денеска на седница назначи членови на Комисија која ќе дава мислење дали одредено училиште според епидемиолошката состојба ги исполнува условите за настава со физичко присуство во училишните објекти односно ќе разгледува поднесени барања од општината или основачот на училиштето.
Владата ги назначи Елена Ивановска од Министерство за образование и наука, Ѓорги Тасев од Канцеларијата на Претседателот на Владата и прим. д-р Гордана Кузмановска од Министерството за здравство.
Во сите училишта кои ќе обезбедат услови за безбедно физичко присуство на учениците, наставата ќе може да почне во објектите, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.
Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата на МОН за реализација на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и го усвои Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа