Фон дер Лајен за новите руски инциденти: Русија продолжува со агресија и провокации кон Европа
Европа повторно се соочува со, како што оцени претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, „непромислено и опасно руско однесување“, откако беа регистрирани неколку инциденти во близина на европскиот воздушен простор.
Фон дер Лајен наведе дека руски воен брод истрелал сигнални ракети за предупредување опасно близу до дански хеликоптер, додека дрон навлегол во воздушниот простор на Литванија, по што бил уништен од борбени авиони на НАТО.
Според неа, станува збор за дел од поширок образец на руска агресија и провокации кон Европа, со кои Москва ја тестира подготвеноста и решителноста на европските земји:
„Русија ќе открие дека нашата решителност само ќе станува посилна.“
Таа додаде дека Европа, заедно со НАТО, го зајакнува заедничкото одвраќање и одбраната, а истовремено го зголемува и притисокот врз Русија.


