„Фокус“: Меџити го разрешил раководителот на кардохирургија - докторот кој го предводеше тимот кој ја направи првата трансплантација на срце
Министер за здравство, Фатмир Меџити пред два-три часа го разрешил од функцијата раководителот на кардохирургија, професор др. Сашко Јовев, кардиохирургот кој го предводеше тимот кој ја направи првата трансплантација на срце, пренесува „Фокус“.
Порталот пренесува дека доктор Јовев добил образложение дека се разрешува бидејќи не го послушал актуелниот министер во однос на дежурствата, поточно дека не требало да дежура.
„Пред една недела отворавме хибридна сала и слободно можам да кажам дека е единствена ваква во регионот. Меѓутоа, на самиот настан требаше да присуствуваат премиерот Димитар Ковачаевски и министерот Меџити. Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога да се официјално пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на бројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министериот, кој не се појави на самиот настан“, изјавил доктор Јовев за „Фокус“.
Според него, тоа е една од причините за разрешувањето, за кое уште нема никаков официјален допис од ресорното министерство.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа