ФК Работнички продаден за 600.000 евра

Македонскиот фудбалски клуб Работнички, од денеска има нови сопственици. Се работи за странска компанија, која има блиски релации со „Џевахир“, добро позната компанија во нашата земја.

Денеска на Македонска берза е реализирана трансакција за продажба на 250 акции, откупени се 100% од основната главнина, а вредноста на трансакцијата е 36.904.250 денари, односно околу 600.000 евра.

Планот на новите газди е да го вратат четирикратниот македонски шампион, во врвот на домашната сцена и да да биде постојан учесник на европска сцена, пренесе ТопСпорт.

17.10.2023 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега