Фитнес инструкторка која оздраве од Ковид-19: Ако се плашите од корона не одите во теретана

 

Славната фитнес инструкторка Јулиан Мајклс даде предупредување околу одењето во теретана откако призна дека имала коронавирус.

-Ако се плашите од коронавирусот не треба да одите во теретана. Јас сама себеси се изневерив, не сакав за тоа јавно да говорам, но ме зарази блиска пријателка. Се опуштив само на еден час и не внимавав на мерките, вели Мајклс.

Посочува дека има среќа што брзо се опоравила.

-Можам само да ви кажам: „Ако се плашите од корона, јавните теретани веројатно се места каде ќе ја добиете, вели инструкторката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега