Примирје во Украина е малку извесно пред пролетта следната година, изјави претседателот на Финска, Александар Стуб, нагласувајќи дека европските сојузници мора да продолжат со поддршка за Киев, и покрај корупцискиот скандал што ја потресе Украина.

Стуб предупреди дека Европа ќе мора да покаже „сису“ – фински израз кој означува издржливост, отпорност и храброст – за да ја издржи претстојната зима, во време кога Русија продолжува со хибридни напади и засилена информативна војна низ континентот, пренесуваат финските медиуми.

Тој додаде дека го користи добриот однос со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого редовно разговара и повремено игра голф, за да ја пренесе позицијата и потребите на Украина

Exit mobile version