Финската премиерка: Ние сме блиски партнери со НАТО, не очекуваме пречки за влез во алијансата

 

Финската премиерка Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа нордиска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си.

„Немавме никакви индикации во НАТО дека ќе има некакви проблеми за членството на Финска или Шведска. Ние сме многу поврзани едни со други и сме блиски партнери на НАТО“, рече таа.

Премиерката додаде дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања.

„ Сепак, мислам дека е многу важно да имаме разговори со тие земји, со многу смирен тон и да разговараме за сите прашања што постојат“, посочи Марин.

15.05.2022 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега