Close Menu
Press24
    Најново

    Франција им испраќа писма на 29-годишниците: „Раѓајте деца пред да биде предоцна“

    09.02.2026 во 22:38

    Крај на судскиот процес во Австрија: Родители осудени на доживотна робија за убиство на сопственото дете

    09.02.2026 во 22:15

    Состанок на ИК: Кадровски освежувања во ВМРО-ДПМНЕ

    09.02.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Франција им испраќа писма на 29-годишниците: „Раѓајте деца пред да биде предоцна“
    • Крај на судскиот процес во Австрија: Родители осудени на доживотна робија за убиство на сопственото дете
    • Состанок на ИК: Кадровски освежувања во ВМРО-ДПМНЕ
    • Нов удар за Кир Стармер: Уште една оставка во кабинетот на британскиот премиер
    • Филков: Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби заврши со заминувањето на СДСМ и ДУИ
    • „Дојче банк“ призна: Соработката со Џефри Епштајн беше нашата најголема грешка
    • Драматично предупредување од Хавана: Куба од утре останува без гориво за авиони
    • Сведоштво од Киев: 20 часа без струја на -20 степени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби заврши со заминувањето на СДСМ и ДУИ

    Филков: Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби заврши со заминувањето на СДСМ и ДУИ

    09.02.2026 во 21:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за правда, Игор Филков, реагира на изјавата на вицепремиерот Беким Сали во врска со барањето на студентите за полагање на правосуден испит на албански јазик.

    -Времето кога Уставот и законите се толкуваа според дневнополитички потреби, а не според нивната содржина, заврши со заминувањето на СДСМ–ДУИ од власт. Оваа Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам, институционален хаос и селективна примена на нормите. Напротив, обврзани сме да воспоставиме јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок. Токму затоа, во врска со изјавите на вицепремиерот Беким Сали за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, чувствувам обврска јавно, јасно и недвосмислено да реагирам, во интерес на Уставот, правниот поредок и институционалната сериозност на државата, вели тој.

    Филков порачува дека првенствено, Уставот мора да се почитува и не смее да биде предмет на слободни и дневнополитички интерпретации.

    -Токму тоа го потенцирав и на последната средба за Реформската агенда. Но, почитувањето на Уставот подразбира цело, системско и доследно читање на уставните и законските одредби, а не нивно селективно вадење од контекст за краткорочни политички пораки. Го разбирам вицепремиерот Беким Сали како стоматолог, и како политичар кој допрва ја запознава материјата на европските интеграции и правосудните реформи. Но, потенцирам, државата не функционира по принцип на лична проценка, професионален рефлекс или политички впечаток. Одлуките не се носат по чувство, туку по Устав и закон. Во правниот систем не постои категорија „има или нема волја“. Постојат уставни норми, законски решенија и институционални процедури. Се друго е опасна поедноставеност што ја поткопува правната држава и ја враќа праксата на произволност, од која за жал, Македонија скапо плати во минатото, рече Филков во реакцијата.

    Имено, Министерството за правда ја разгледа петицијата поднесена од студентите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, при што внимателно се анализирани сите релевантни уставни и законски одредби.

    -Законот за употреба на јазиците овозможува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во постапките пред институциите, но неговата примена не може да се разгледува изолирано од другите системски закони што го уредуваат функционирањето на правосудството. Правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, нотаријатот и извршувањето, при што сите овие закони експлицитно предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик. Полагањето на правосудниот испит на македонски јазик е во директна функција на проверка на таа јазична и стручна подготвеност, имајќи предвид дека сите постапки, одлуки и службени акти во правосудниот систем примарно се водат и донесуваат на македонски јазик и кирилско писмо, согласно Уставот и законите, вели министерот за правда.

    Тој цитира дел од законите:

    Согласно член 7 од Уставот на Република Македонија (Амандман VI), на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Уставната одредба јасно утврдува и дека употребата на друг службен јазик е дозволена под услови и на начин утврден со Устав и закон, без притоа да се дерогира уставната позиција на македонскиот јазик како примарен службен јазик. Дополнително, Законот за правосудниот испит не содржи одредби за полагање на правосудниот испит на друг јазик освен македонскиот јазик.

    Согласно член 1 став (1) од Законот за употреба на јазиците (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр.7/19), на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

    Според став (2) од истиот член, друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

    Според ставот (2) од истиот член, во согласност со правото на граѓаните да употребуваат било кој од наведените службени јазици од членот 1 став (1) и (2) од овој закон во судските, управните, извршните постапки, предистражните и истражните постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, постапка за извршување на санкции, како и другите постапки предвидени со други закони. Судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции се обврзани да овозможат користење, употреба и примена на било кој од службените јазици од членот 1 став (1) и (2) и нивните писма во тие и други постапки.

    -За Законот за употреба на јазиците се произнесе и Венецијанската комисија, а во момнетов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Имено, според Венецијанската комисија Законот содржи повеќе нејаснотии во однос на неговото значење и опсег. Не е секогаш јасно кои одредби од Законот се однесуваат само на албанскиот јазик, кои се однесуваат и на други јазици на заедниците (турски, српски, босански, влашки, ромски итн.), и кои правни субјекти се опфатени со Законот. Оваа текстуална нејаснотија дополнително ќе ја отежни примената на Законот. Затоа, Комисијата го повикува законодавецот повторно да го разгледа Законот за јазиците и, при тоа, да ги земе предвид, во консултација со сите засегнати страни, особено следните препораки:-да се напуштат одредбите од Законот што се однесуваат на двојазичноста во судските постапки и да се преземат неопходните мерки за да се обезбеди ефективна примена на јазичните барања од Законот за јазици од 2008 година во судските постапки. Затоа, тезата дека Министерството за правда „нема аргументи“ е неточна и политички мотивирана. Аргументите се јасни, уставни и законски. Она што недостасува во изјавите на вицепремиерот е почит кон правниот систем како целина, се наведува во реакцијата.

    Филков упати директна порака до Сали:

    „Почитуван колега, Уставот не е тема за телевизиски емисии, ниту алатка за политички наративи, а правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда. Оваа Влада има за цел да воспостави ред по години институционален распад, да спроведе реформи, а не да произведува конфликти. Кој сака политика, нека ја води на избори, но кој носи функција во правната држава, мора да ги почитува Уставот и законите. Се друго е притисок. И тоа нема да помине, порача Филков.

    Популарно

    Метео предупредување за ноќеска и утре: Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта, најкритично во југоисточна Македонија

    09.02.2026 во 16:47

    Ќе нема струја до 14:30 часот – ЕВН најави исклучувања во повеќе општини

    09.02.2026 во 09:35

    Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници

    09.02.2026 во 18:07

    Драма на Попова Шапка: Ученици на екскурзија се обиделе да го ограбат манастирот „Св. Наум“

    09.02.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.