Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филков: Извештаите доаѓаат и си одат веќе 20 години – битно реформите се започнати

    Филков: Извештаите доаѓаат и си одат веќе 20 години – битно реформите се започнати

    14.11.2025 во 17:26
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Коментирајќи го Извештајот за напредокот на државата во делот  судство и фундаментални права, министерот за правда Игор Филков во интервју за МИА вели дека тој е само поттик за Министерството за правда да продолжи активно да работи на постигнување на европските стандарди во насока на спроведување на реформите .Се прават длабоки, структурни промени кои не можат да се измерат само со квантитативни индикатори или со перцепции.

    ,,Извештаите доаѓаат и си одат веќе 20 години. Она што е битно е дека реформите се започнати. Ме изненадува фактот што при користење на методологијата се бележи само датумот за конечна реализација, а од нас во процесот се бара да известуваме за сите преземени чекори, а притоа, ништо од тоа не е нотирано во конечниот Извештај. Затоа е битно да се напомене дека во изминатите 18 месеци Министерството за правда ги подготви и достави во владина процедура: Законот за судски совет, Законот за измени на плати на судии, Законот за измени на Законот за плати на јавни обвинители, Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за плати на членови на Судски совет, Законот за плати на членови на Совет за јавни обвинители, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи, Законот за парнична постапка, Законот за процена, Законот за вештачење, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во финална фаза на подготовка се и други закони: за помилување, за пробација, за заштита на лични податоци, за конфискација на имот во граѓанска постапка и други’’,тврди Филков.

    Според Филков најголем дел од забелешките во Извештајот се однесуваат на правосудството во целина. Заради тоа, мора да се направи јасна дистинкција помеѓу  правосудство и Министерство за правда.

    ,, Министерството за правда не е судство, ниту јавно обвинителство. Министерството не суди, не обвинува и не одлучува по предмети — тоа е исклучива надлежност на судската власт и обвинителството. Нашата улога е друга, но подеднакво важна: да создадеме стабилна, фер и современа правна рамка во која судиите и обвинителите ќе можат да работат независно, професионално и без притисок.

    На пример, за процесите што ги спроведуваме, како што е Законот за парнична постапка во Извештајот е наведено дека нема напредок. Напротив, тој е подготвен и е во владина процедура, а се очекува наскоро да влезе и во собраниска процедура.

    Во овој контекст би споменал дека стапката на реализација на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 година во првата приоритетна област- судството и јавното обвинителство и во втората приоритетна област – институции на правосудниот систем е над 80%, а оценката во Извештајот е дека постои само ограничен напредок”, вели министерот за правда Игор Филков.

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.