Close Menu
Press24
    Најново

    МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи

    01.03.2026 во 18:28

    Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија

    01.03.2026 во 18:21

    Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

    01.03.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи
    • Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија
    • Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
    • Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
    • Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
    • Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
    • (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
    • (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче за ВМРО: Ги поминаа сите граници, ме споредија со убиец на 300 деца, доста е – се гледаме на суд

    Филипче за ВМРО: Ги поминаа сите граници, ме споредија со убиец на 300 деца, доста е – се гледаме на суд

    17.01.2026 во 14:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца, рече на денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе, посочи Филипче.

    „Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, истакна Филипче.

    Филипче го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон.

    „Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави.

    ВМРО ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Веројатно дефинитивно во Македонија на сите им се јасно што прават.

    Нема одговор на вистинските прашања.За дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари да се зголемат платите и пензии, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата. За тоа што исплаќаат луѓе да ги поддржуваат преку јавните мрежи, преку државни институции. Видовме колку луѓе биле исплаќани преку Лотарија.

    Следат списоци од скоро сите министерства и за одбрана, и за надворешни работи. Ќе видите тоа каков скандал е, па дали на тоа некој од власта ќе одговори. 

    Нема ништо за реалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат секој ден. Само дефокус, јавен линч и црна кампања.

    На листата сме на земји од третиот свет поради нивната политика на изолација, криминал, корупција и ноќни волци со кои што се среќаваат од  врвот на владата. Ноќните волци блиски до Путин.  Доста е веќе“, нагласи Филипче.

    Филиче рече дека оваа криминална власт доведе до тоа, да од политиката на сите да им се гади. Затоа на гласачите им е преку глава од „рече ВМРО“, „рече овој“, „рече оној“…

    „И тоа е целта од самиот почеток. Повторно се обидуваат да нè вратат во мракот, во времето од пред 10 години. Велат „конструктивна опозиција“? Со кого? Со ова? Сите гледаат што се прави.

    На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа, за тоа треба да зборуваме, тоа е политика“, потенцираше Филипче.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.