Филипче за изборите: Секој настан организиран според протоколите не претставува ризик за граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата изјави дека било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.

-Во однос на изборите, од нас беше побарано да се дадат протоколи како би се организирале и како би се спровеле. И се што се организира и спроведува, дали се избори или било кој друг процес, се докажа дека нема ризик ако се спроведе како што треба. Сите овие новодијагностицирани се заради тоа што протоколите не се почитувале. Комисијата интензивно работи на изработување на протоколи - на работа на компании, бизниси на отворено, на затворено, во мал простор, голем простор. Исти се принципите. Жално е што има организирано настани каде што се кршат сите препораки дадени. Има епидемиолошка, медицинска логика зошто се тие дадени. Се што ќе се одржи и ќе се придржуваат луѓето и организаторите, до протоколите, апсолутно не е ризик. Ние мора да научиме да живееме така, така е во целиот свет. Во цел регион имапораст на заболените. Ќе кажам една изјава која може е преуранета, но мислам дека ние први изреагиравме. Може е преуранета, но оставаме да видиме како ќе се одвива ситуацијата, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега