Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Во СДСМ се приклучуваат млади и експерти

    02.04.2026 во 20:31

    Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

    02.04.2026 во 20:16

    Осуденици се тепале во Идризово

    02.04.2026 во 19:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Во СДСМ се приклучуваат млади и експерти
    • Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци
    • Осуденици се тепале во Идризово
    • Жена нападната од својот брат, тој го оштетил и нејзиното возило
    • Аларм од ОН: Гутереш предупредува дека Блискиот Исток е на чекор до тотална војна
    • Техеран му одговори на Хегсет: „Заканите за враќање во камено доба се само пусти желби“
    • Сиљановска-Давкова: Лицата од аутистичниот спектар нè учат на искреност
    • На Попова Шапка врнежи од снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Во СДСМ се приклучуваат млади и експерти

    Филипче: Во СДСМ се приклучуваат млади и експерти

    02.04.2026 во 20:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јас сум тимски играч и верувам дека само со добар тим од квалитетни луѓе може да се стигне до подобри резултати, подобра програма и до подобра партиска структура во СДСМ, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во централниот дневник на МТВ 1.

    Филипче посочи дека по објавувањето на предлог-програмата, има зголемен интерес од  млади луѓе и експерти кои сакаат да се приклучат и да придонесат во креирањето на политики и развојот на партијата.


    „Има огромен интерес од кога се објави предлог-програмата која е работна верзија и која што ќе ја усвоиме како дефинитивна на Конгресот кој што треба да се одржи на 7 јуни. Секојдневно во последниот период се повеќе се приклучуваат млади луѓе, искусни луѓе кои што имаат и партиско искуство, се приклучуваат и луѓе од експертските сфери, разни професори, интелектуалци, луѓе кои што имаат искуства и кои што навистина сакаат да придонесат ова да биде една добра партија“, рече Филипче.


    Тој додаде дека интересот за поддршка и приклучување кон СДСМ и нејзините политики е зголемен поради три клучни основи, пред се поради економските предизвици со кои се соочуваат секојдневно, борбата против корупцијата и евроинтеграциите.


    „Луѓето сакаат подобар стандард, зборуваат за предлози за подобри плати. Има пензионери кои што се свесни дека оваа власт практично ги опљачка. Сега им нуди некое линеарно зголемување од 1.000 денари, иако сега доколку се останеше на нашиот систем за зголемување на платите најниската категорија ќе добиеше најмалку 1.500 денари и до 3.000 денари покачување на пензиите. Но еве успеаја да ги прелажат, ама пензионерите веќе се свесни. Тука се работниците кои што бараат поголеми плати, никој нема слух за нив не може да преживеат во овој период“, рече Филипче.


    Притоа, Филипче додаде дека значаен мотив за граѓаните е и потребата од силна борба против корупцијата и криминалот, како и продолжување на европскиот пат на државата, што е особено важно за младите.


    „Понатаму втората линија борба со корупција криминал и затоа ставаме акцент на антикорупцискиот тим на партијата и третата линија желбата да продолжи евроинтегративниот пат на земјата. Тоа е нешто што посебно ги интересира младите. Свесни се дека во оваа ситуација нема да има апсолутно никаков прогрес“, рече Филипче.


    Во интервјуто, Филипче најави дека СДСМ ќе продолжи со интензивни активности на терен и директна комуникација со граѓаните.


    „После велигденските празници веќе имаме разработено агенда, сите партиски членови посебно раководството тргнуваме во интензивни средби со граѓаните ширум државата, правиме договори со граѓаните за граѓаните“, рече Филипче

    Популарно

    Филипче: Во СДСМ се приклучуваат млади и експерти

    02.04.2026 во 20:31

    Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

    02.04.2026 во 20:16

    Осуденици се тепале во Идризово

    02.04.2026 во 19:53

    Жена нападната од својот брат, тој го оштетил и нејзиното возило

    02.04.2026 во 19:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.