Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати
    • Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
    • Портокалово предупредување за Халкидики: Силни бури, чести молњи и можен град од рано во вторник
    • Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга
    • Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства
    • Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау
    • 21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест
    • Уште едно лице почина од западнонилска треска во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

    Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

    05.11.2025 во 15:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека Европската Комисија во најновиот извештај нотира дека во Буџетот не се предвидени пари за потребните реформи,што е алармантно. Тоа како што кажа Филипче,  го загрозува спроведувањето на Планот за раст.

    „Во Буџетот не се предвидени доволно финансиски средства за да се спроведува Планот за раст. Значи не се предвидени пари за да се спроведуваат реформите коишто прво ќе го зајакнат системот, а понатаму не носат до дополнителни извори на средства од Европската Унија, откако реформите ќе се спроведат согласно Планот за раст“, рече Филипче.

    Тој додаде дека ЕК во извештајот го потврдува она што и СДСМ го зборува изминатите година и пол во делот на спроведување на реформската агенда.  

    „Потребно е спроведување на суштинските реформи поврзани со ЕУ, потребни се трајни решителни чекори за забрзување и споредување на сите ЕУ реформи-  споредувањето е делумно и со доцнење во сите столбови на Планот за раст, изјави Филипче.  

    При тоа, Филипче посочи дека владата ниту има капацитет, ниту волја. ниту визија како од државата да ја води напред. 

    „Реформите се од заеднички интерес, граѓаните тоа го очекуваат. И тие се огледало на вистинската волја на владата да ги менува работите на подобро, да се откаже од злоупотребите на судството на администрацијата и на целиот државен апарат. Во крајна линија напредокот во реформите е клучна оцена за тоа дали било која влада е искрена и нешто сака да смени во државата.Согласно ова, за жал очигледно е дека владата на Мицковски ниту сака, ниту има намера да направи нешто суштински добро во државата“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат

    21.09.2026 во 17:10

    Минчев и Сељами остварија средба: Институционалната соработка е клучна за поефикасна јавна администрација и заштита на граѓаните

    21.09.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.