Претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција рече дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се служат со спинови и лаги, па споменуваат куфери со пари, разни предавства и поделба на граѓаните во обид на, како што рече, да ја сокријат неспособноста да испорачаат вистински резултати за народот.
„Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект и се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи се потребни децении. Соочени се со тоа што ние го кажуваме што се сме направиле во нашиот мандат за само година или две’’, кажа тој.
Вели, власта немала ниту капацитет, ниту волја, а ниту пак визија како да ја води државата.
„Ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата, која до крајот на мандатот е дуплирана. Социјалната помош ја зголемивме, за две години ги решивме 30-годишните прашања на стечајците. Тогаш зошто ВМРО-ДПМНе бара алиби за тоа дека за некои работи се потребни децении. Тоа не е вистината“, рече Филипче.
СДСМ, тврди Филипче, остави функционален и правичен систем за покажување на пензиите, кој власта го укина и ги оштети пензионерите.
„Наместо 1000 денари зголемување, требаше да имаат 2000 денари, согласно нашият систем за зголемување на пензиите со методологијата. Тие се одлучија за линеарно зголемување и сега парите се скаратија. Предупредивме дека така ќе биде“, рече тој.
Упати и критика за неконтролираниот раст на цените и неактивноста на Владата во тој дел.
„Цените се надвор од контрола. Никој не ги контролира цените во маркетите. Владта има механизам тоа да го направи. Ниту една добра мерка што ја предложивме не ја поддржаа. В таква ситуација бараат предавници, го далат народот, а државата стагнира. Какви се тие бугарски куфери“, прашува лидерот на СДСМ.
Според него, во предложената декларација од нивна страна посочи дека исти такви т.н. црвени линии има и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „1198“, па народот да каже народот што е различно од тоа што тие го предлагаат.
„Во програмата ‘1198‘ на страна 153 пишува дека македонскиот идентитет, јазик, посебност, култура, обичај, традиција и херои не смеат да бидат дел од какво било политички преговори. Секој обид за отварање на дискусија за билатерални и мултилатерални прашања на политички план околу идентитетски прашања и карактеристики на македонскиот народ ја оспорува македонската самобитност и единственост. Што е разликата. Се тоа што го кажувате е само еден спин. Само алиби да не се продолжат преговорите, да не се направи мерка во интерес на граѓаните. Така не се води држава“, рече Филипче.