Филипче: Веќе десетти месец лекови има во секое време, со укинувањето на квотите го решивме деценискиот проблем

 

Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава - решен е деценискиот проблем. Сега, граѓаните имаат достапни лекови во секое време, вели Министерот за здравство, Венко Филипче.

„Веќе десетти месец како лекови има во секое време, било да е тоа на почетокот, на средината или кон крајот на месецот. Граѓаните имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. Тие повеќе не прават домашни залихи и не стравуваат дека ќе останат без потребниот лек. Со оваа мерка која ја имплементиравме најмногу им помогнавме и на пензионерите. Се грижиме максимално за нивното здравје. Горд сум што ги решаваме најкрупните и најважните сегменти од јавното здравство. Докажавме дека пациентот ни е на прво место. Го зајакнавме нашиот здравствен систем. Продолжуваме и во следниот период да го унапредуваме јавното здравство“, потенцираше министерот Филипче.

Мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките започна во месец август 2019 година, како прва фаза во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Дојран, Гевгелија, Ресен и Струга. Минатата година, на први октомври, се укинаа целосно квотите во аптеките на територија на целата држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега