Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека партијата утре ќе презентира нов скандал, нова корупциска шема на власта.
„Ние ги спремивме новите бомби 2.0 и најавувам дека утре следува нова. Нов скандал, нова корупциска шема — се членови на владејачката гарнитура. За сè имаме докази, имаме документи и ќе ги прикажеме во јавноста. Превенцијата не успеа, а корупцијата ескалираше и сето ова мора да се истражи, затоа што крадењето мора да престане. Секој што крадел ќе одговара. Борбата продолжува, работата не е завршена“, истакна Филипче.

