Собранието никогаш не било по неактивно, владејачкото мнозинство носи закони кои само ним им служат, нема закони за граѓаните, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица. Филипче потенцираше дека не се спроведуваат реформите и закони кои се пресудни за евроинтеграцискиот процес и се во интерес на граѓаните. Наместо тоа,  власта се занимава со политички препукувања.

„Во делот на евроинтеграциите ништо нема да се случи. Немаат ни чекор напред кон реформите. Немаат никаква активност во Собранието. Има искусни пратеници кои знаат дека никогаш Собранието не било вака не активно. Има само закони кои што се носат за усогласување со новиот закон за новите министерства, ништо друго. Закони кои што само нив ќе им служат, ама буквално ништо друго не се случува во Собранието. Се е оставено на некое препукување, надмудрување“, рече Филипче. 

Тој додаде дека оваа влада не покажува вистинска намера да направи напредок во евроинтегративниот процес, и покрај притисоците и укажувањата од европските институции.

„Нема да има никакво поместување во делот на евроинтеграциите, нема да се направи никаков чекор и покрај укажувањето и притисокот од европските институции кои што досега велеа, чекајте да видиме свежа е владата па може ќе го направат чекорот, сега се свесни дека тоа нема да се направи и кажуваат отворено – оваа влада нас не лаже, премиерот Мицкоски не лаже“, рече Филипче. 

Во обраќањето Филипче посочи дека меѓу граѓаните расте револтот поради однесувањето на власта и нивниот однос кон клучните државни прашања. 

„Оваа власт ниту има план, ниту има капацитет, ниту има намера да влезе во процес што се вика решавање на проблемите, а проблемите ќе бидат уште поголеми.Немаат намера да направат нешто, едноставно не им е тоа на памет. Ниту знаат на каде тераат, ниту знаат како да ја водат државата. Огромен е револтот на граѓаните“, рече Филипче.

Exit mobile version