Филипче: Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот

Само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот, напиша вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој апелира сите да се придржуваме до мерките за заштита.

– Да носиме заштитна опрема, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Успешно се справивме со првиот бран, верувам дека и овој пат ќе донесеме правилни одлуки и побрзо ќе го спречиме ширењето на вирусот, напиша Филипче по одлуката на Владата за воведување засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и околните скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово, и околните тетовски општини, и по донесениот заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки повторно да биде разгледан во Комисијата за заразни болести, напиша Филипче.

На денешната владина седница одлучивме да воведеме засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот...

Posted by Венко Филипче on Tuesday, 9 June 2020

09.06.2020 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега