Close Menu
Press24
    Најново

    Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија

    03.03.2026 во 18:56

    Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник

    03.03.2026 во 18:42

    Татко ја натепал сопствената ќерка: И извадил и нож, при што сам се повредил поради невнимателност

    03.03.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Албански медиуми: Иран најавил можен напад врз кампот на Муџахедините во Албанија
    • Се огласија од Армијата: Најдовме дрога кај војник
    • Татко ја натепал сопствената ќерка: И извадил и нож, при што сам се повредил поради невнимателност
    • Две девојчиња се степале во училиште во Чаир
    • Руте ја посети и Армијата
    • Нетанјаху дециден: Продолжуваме со жестоки напади врз Хезболах до целосно отстранување на заканата
    • Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие
    • Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие

    Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие

    03.03.2026 во 17:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, нагласи дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при денешната посета на државата упати јасни пораки до македонската влада, во кои посочи дека Русија е агресор во Украина и прави сојуз со Кина и со Северна Кореја и нагласи дека порака до владата е директна.

    „Генералниот секретар Руте имаше одличен говор. Сметам дека упати јасни пораки до Владата. Посочи дека Русија е агресор во Украина и дека прави сојуз со Кина и со Северна Кореја“, рече Филипче.

    Филипче нагласи дека пораката до Владата е директна и дека актуелната власт повеќе не може да ги прикрива своите политики.

    „Пораката кон Владата е јасна. Позициите се веќе познати и оваа Влада повеќе ништо не може да сокрие. Имаме вицепремиер кој отворено негува врски со Русија, вицепремиерот Стоиљковиќ. Вториот човек во Владата се среќава со „Ноќните волци“, кои се во директна комуникација со рускиот претседател Владимир Путин. Тука се и кинеските пари што пристигнаа преку заемот од Унгарија од една милијарда евра, средства за кои во извештаите на европските институции беше констатирано дека станува збор за кинеско финансирање“, рече Филипче.

    Тој додаде дека НАТО сериозно ги следи политиките што ги води владата.

    „Сметам дека ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор внимателно ги следи политиките што ги води актуелната Влада и јасно и отворено укажува на нив“, посочи Филипче.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.