Close Menu
    Најново

    Лабудовиќ: Јас нема да се кандидирам за актер, туку за градоначалник

    29.09.2025 во 22:57

    Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар

    29.09.2025 во 22:54

    Филипче: Крушево е пример како треба да се води една општина, реализирани се 68 капитални проекти

    29.09.2025 во 22:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Лабудовиќ: Јас нема да се кандидирам за актер, туку за градоначалник
    • Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар
    • Филипче: Крушево е пример како треба да се води една општина, реализирани се 68 капитални проекти
    • Мицкоски: Ќе го решиме проблемот со јавниот превоз во градот Скопје, БРТ кој ќе функционира
    • Мицкоски: Филипче и неговиот ментор од Струмица се во коалиција со личност што е на црна листа за корупција, ќе доживеат огромен пораз
    • Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс
    • Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје 
    • Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива

    Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива

    27.09.2025 во 13:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, меѓународниот центар „Олоф Палме“, упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите.

    „Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи кој што бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска Унија,“ нагласи Филипче.

    Тој потсети дека политиките на СДСМ секогаш биле во интерес на државата и граѓаните, без политички калкулации и грижа за рејтинг. 

    „Нашите политики беа добри, беа во интерес на државата и на граѓаните. Не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО. Ама сега оваа влада не сака да го продолжи европскиот пат.“

    Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, оцени дека кризата во земјата е дел од пошироката криза на социјал-демократијата во Европа, предупредувајќи дека алтернативата што ја нудат десноцентристичките партии е опасна. 

    „Имаме многу слично сценарио – еден фрагментиран простор на левиот спектар со кој што се соочуваат и другите земји. Кризата во социјал-демократијата е тесно поврзана со кризата во демократијата во светот, каде што доминираат авторитарните режими, исто тоа што се случува и кај нас. Иако партиите од центарот десно се нудат како некаква алтернатива, сепак таа алтернатива е опасна, затоа што тоа приближување на партиите од центарот десно кон авторитарните режими само ги легитимира дополнително и ги прикажува како некој по-благи варијанти.“

    На крајот во своето обраќање, Филипче пред гостите од сестринските партии на СДСМ од регионот упати порака со апел за единство и визија за заедничка европска иднина. 

    „Прогресивните сили и во земјата, и во регионот, треба да се обединат, да споделиме знаење, искуства и сите заедно да покажеме дека иднината на целиот регион е во Европа”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Пензиите зголемени, познато кога почнува ислатата

    29.09.2025 во 16:39

    Полицијата во автомобил пронајде две уловени срни – приведени двајца битолчани

    29.09.2025 во 12:17

    Доаѓа првиот снег во Македонија – УХМР со најнова прогноза

    29.09.2025 во 12:47

    РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на нафтените деривати

    29.09.2025 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.