Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е катастрофа за иднината
Амбасадорите на државите членки на Европската унија вчера донесоа одлука Албанија да ги продолжи преговорите со Европската унија и да се раздвои од Северна Македонија на патот на евроинтеграциите. Со оваа одлука станува јасно дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување во втората фаза на преговорите со ЕУ и отворање на првиот кластер.
„Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива“, изјави првиот човек на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција коментирајќи ја одлуката Албанија да се одвои од патот на ЕУ со Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа