Филипче: Пред нас е долга битка со вирусот - мерките мора да се почитуваат

Во последните 24 има направено 971 тест , а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 18 оздравени пациенти, починати се 5. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 3538, оздравени 1682, починати 169, 1а активни се 987 пациенти, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„На Клиниката за инфективни болести примени се 11 нови, вкупни 84 пациенти се хоспитализирани, нема пациенти на респираторна машина, на кислородна поддршка се 29. Во ГОБ „8 септември“ 22 нови примени пациенти, вкупно 57 хоспитализирани, од кои 35 се потврдени и на респираторна машина се 10.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 20 пациенти, во Штип 24 пациенти и во другите- Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп хоспитализирани се 36 позитивни и сомнителни пациенти.

Во Охрид на смеејна прослава со околу 200 присутни досега се потврдени 8 позитивни, 40 се во самоизолација.

На свадба во Скопје на која имало 100 гости, потврдени се 14 позитивни. Голем проблем на ДСЗИ им создава несоработката на заразените.

Во конфекциите земени се 778 бриса, потврдени се 126 позитивни, хоспиталзиирани се 24, другите се во самоизолација.

Од решенијата вкупно издадени од ДСЗИ 400 лица се контакти.

Откако се направи тестирање на сите контакти, состојбта во Штип и тетовско постепено се смирува. Останува Скопје, најмногу во Чаир.

Се уште се евидентираат прекршувања и непочитувања на мерката за самоизолација.

Во контекст на ова се засилени контролите, согласно кородинативните состаноци. Владата веќе има донесено уредба со којашто се определува лице коешто ќе го прекрши самоизолацијата, ќе му се одреди мерката државен карантин од 14 дена, за што МВР донесува решение, а трошоците се надоместуваат од страна на лицето.

Овој бран се уште трае, иако 2 од четирити големи жаришта полека спласнуваат. Сконцентрирани сме на преносот на заразата тука во Скопје.

Препораките на Комисијата за заразни болести остануваат исти и барам апсолутно да се почитуваат.

Пред нас е долга битка со вирусот кој очигледно е тука и мора да се научиме да живееме со него.

Мора да се почитуваат и здравствени работници, да се кажуваат точни информации, поради тоа што само така ќе знаеме со каков пациент имаме работа. За жал имаме неколку случаи во коишто поради давање неточни информации повеќе здравствени работници сега се во самоизолација.

Мора институциите да се почитуваат и сите овие препораки да се имплементираат без исклучок.

Оваа битка здравствените работници не можат да ја добијат сами, мора да ја добиеме заедно.

Животот мора да продолжи, со почитување на мерките ние ќе го продолжиме нашиот живот и ќе се заштитиме и себеси и другите околу нас“, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега