Close Menu
Press24
    Најново

    Ја киднапирал и силувал: Дошла од Германија, преживеала 10 дена хорор во Гази Баба

    06.03.2026 во 14:39

    Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

    06.03.2026 во 14:22

    Николоски: Градежна офанзива во Македонија – Раст од 14,6% во четвртиот квартал и 21 % раст во третиот квартал од 2025 година

    06.03.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ја киднапирал и силувал: Дошла од Германија, преживеала 10 дена хорор во Гази Баба
    • Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката
    • Николоски: Градежна офанзива во Македонија – Раст од 14,6% во четвртиот квартал и 21 % раст во третиот квартал од 2025 година
    • Ужас во Сарај: Брат ја спасил малолетната сестра од пијаниот татко кој ја тепал
    • Димитриеска-Кочоска: Економијата е стабилна – вработеноста расте
    • Борозан до Тошковски: Рацете ви се крвави, поднесете оставка
    • Подгответе се: Дел од „Партизанска“ утре неколку часа без струја
    • Утре сонце, од недела промена на времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Постојат сомнежи дека „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче: Постојат сомнежи дека „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ

    06.03.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

    Министерот Филипче изјави дека СДСМ ја поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања поврзани со контролата и управувањето со податоците што ги собира системот „Сејф сити“.

    „Проблем е што не е јасно што се случува со податоците. Како можеме да поддржиме закон во кој не е регулирано каде се чуваат информациите кои ги собира системот? Граѓаните се снимаат низ целиот град, но никој не знае каде завршуваат податоците и кој ги контролира. Имаме сознанија дека регистарски таблички на членови на ВМРО-ДПМНЕ биле тргнати од системот ‘Сејф сити’ за да не се регистрираат и да не се казнуваат нивните луѓе“, рече Филипче.

    Тој додаде дека ваквите информации се сериозни и дека во наредниот период се очекуваат дополнителни детали.

    „Ова се информациите што стигнуваат до нас и ќе видиме какви дополнителни податоци ќе пристигнат во следниот период“, истакна министерот.

    Во интервјуто, Филипче го критикуваше делувањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека не покажува волја за системски решенија кои би биле во интерес на граѓаните.

    „Оваа влада нема желба да направи нешто суштински во корист на сите. Според мене, тоа е најлошата влада во историјата на државата – немаат знаење, капацитет или искуство како се води државата, ниту волја да направат нешто добро за граѓаните“, рече Филипче.

    Популарно

    Цените на нафтата се удвојуваат поради конфликтот во Иран

    06.03.2026 во 11:25

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почина поранешен македонски пратеник – Го загуби синот во автобусот на „Дурмо турс”

    06.03.2026 во 08:35

    Гори куќа на Водно

    06.03.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.