Филипче: Пациентите се лекуваат според клиничката слика и состојба

Одговарајќи на новинарско прашање дека доктори во последните денови алармираат за тоа дека можеби се води погрешна стратегија во лекувањето, министерот рече дека не треба да се препорачуваат лековите кои не се докажани дека помагаат при лекувањето.

– Матичните лекари постапуваат според клиничката слика и состојба. За оваа болест едноставно не постои алогритам во светот кој што треба да се прати. Тоа ние го гледаме и кај пациентите што се лекуваат преку матичните лекари и во болниците – вели министерот.

Тој додава дека во болничките установи станува збор за една координирана комуникација помеѓу сите институции во однос на пристапот кон пациентот.

– Има пациенти кои имаат широка лепеза на огромен број манифестации на болеста, сепак остава простор за еден пристап кој што значи лекување според кличката слика. Типот на лекување зависи од секојдневните анализи, кои што често се менуваат, па во зависност од тоа се менува и терпијата, дозите и типот на лекови – изјави министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега