Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат за практично антиевропските манири кои што сметам дека ги гледаме во веќе половина од мандатот, скоро и поминат на оваа влада. Освен што не се работи ништо по забелешките коишто ги добиваме од извештаите од Европа, не повикани од тоа се практикуваат антиевропски манири, изјави денеска во Собрание претседателот на СДСМ, Венко Филишче.
2Ситуацијата во светот драстично е сменета геополитичката ситуација се менува, напред кон Европа во едни други околности оди Украина, Молдавија. Го слушаме премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, како повикува на политички одлуки за прием во Европската Унија, меѓутоа дури и тоа да се случи не ја спомнува Северна Македонија се осврнува на Босна и Херцеговина.
Што значи дека, никаква задача домашна не ја завршена, не сме го зајакнале системот не можеме да бидеме спремни ниту за некаква политичка одлука доколку дојде до такво нешто во рамките на Европската Унија.
На неколку нивоа сметам дека е проблемот, прво немањето политичка волја да се спроведат Уставните измени којшто се очигледно единствениот начин да се продолжат преговорите, да се отворат кластерите. Покрај најавите на владата дека нешто ќе се репреговара ќе се менува очигледно дека тоа не се случува. Дали беа свесни кога тоа го ветуваа или не тоа останува голема дилема.Мислам дека беа свесни дека ова е едно намерно запирање на европскиот пат на земја“, изјави Филипче.
Не се спроведува реформската агенда ама буквално никако.Од законите коишто требаше да се донесат лани се донесе само еден, набрзина еден од 12, којшто не беше целосно имплементација на препораките на Оценската мисија. Тоа се законот од областа на правосудството конкретно Законот за судскиот совет, само парцијално имплементација на тие препораки. Повторно еден обид да нешто се прикаже дека се работи, а во суштина ништо од тоа не е сработено, додаде лидерот на СДСМ.

