Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојуваше во Кочани каде што оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред точно една година. Преку емотивна објава, Филипче изрази сочувство до семејствата кои ги загубија своите најмили во кобниот настан.

Тој нагласи дека сеќавањето на младите лица кои го загубија животот ќе остане вечно.

„Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот“, стои во објавата на Филипче.

Exit mobile version