СДСМ ќе предложи законски решенија за помош на земјоделците, меѓу кои и за оризопроизводителите, најави претседателот на партијата Венко Филипче на средба со земјоделци во кочанското село Грдовци.

Филипче рече дека проблемите во земјоделството се наталожуваат и ја обвини Владата дека нема волја да им излезе во пресрет на производителите. Според него, откупните цени се ниски, додека трошоците за производство се зголемени за најмалку 30 проценти.

Тој посочи дека проблеми има кај повеќе земјоделски производи, меѓу кои оризот, пченицата, млекото, пиперките и грозјето.

Филипче најави дека пратениците на СДСМ, врз основа на барањата и информациите добиени од земјоделците, ќе поднесат конкретни законски решенија во Собранието.

„Ќе предложиме закони во Собранието, за субвенциите, за откупните цени“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да предлага мерки и покрај тоа што, како што оцени, не очекува Владата да ги прифати.

Exit mobile version