Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории на граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства.
„Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ниска минимална плата, не можеа крај со крај да врзат граѓаните и пред кризата да почне и пред да се зголеми за 34% литар гориво, а не па сега, сега ни 600 евра не се доволно да се надмине кризата. Граѓаните сакаат да видат дека владата води грижа за нив, чекаат мерки, а не измислување на изговори“, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека уште кога СДСМ го даде предлогот за 600 евра минимална плата, јасно кажа од каде треба да се обезбедат средствата, од кои буџетски ставки да се крати.
„Кога го дадовме предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, кажавме од каде треба да се земат пари. Точно кажавме од кои ставки треба да се скрати, тоа се две ставки кои што се однесуваат само на луксузирање на оваа влада за да се зголеми платата и ја направивме пресметката. Има две ставки во буџетот од кои што може да се намалат пари за да се зголеми минималната плата“, нагласи Филипче
- Филипче: Ниту 600 евра не се доволни за преживување, владата се луксузира наместо да им помага на граѓаните
- Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА
- Утрински температури под нулата: Измерени -3 степени
- Денеска пратенички прашања во Собранието: Опозицијата прва на ред да ги испраша министрите
- УХМР со предупредување: Подгответе се за силен ветер и дожд
- Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
- Сопругата на претседателот Мицкоски на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: Целта на Владата е младите да ја разбираат технологијата
- Андреј Жерновски назначен за Меѓународен секретар на СДСМ: Овие се новите кадровски освежувања

