Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Нема ни трага од 5 -те милиони евра во „Отворени финансии“ – Обвинителството да го следи текот на парите

    Филипче: Нема ни трага од 5 -те милиони евра во „Отворени финансии“ – Обвинителството да го следи текот на парите

    14.09.2026 во 14:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во системот „Отворени финансии“ нема ни трага од 5 -те милиони евра народни пари, пари на граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче потсети дека премиерот Мицкоски првично ја убедуваше јавноста дека за концертот на Дејвид Гета не бил потрошен ниту еден денар народни пари, за следниот ден, откако СДСМ изнесе документи, да признае дека станува збор за 5 милиони евра. Притоа, Филипче укажа дека Обвинителството треба да го следи текот на парите.

    „Премиерот излезе и ја лажеше целокупната македонска јавност дека не е потрошен ниту еден денар народни пари, за да веќе следниот ден од кога го соочивме со документи, мора да признае дека се потрошени ни помалку, ни повеќе 5 милиони евра. На каков начин, се уште не знаеме, треба Обвинителството тоа да го утврди. Финансова полиција, исто така да се активира, да го следи текот на парите каков бил, затоа што очигледно е дека станува збор за една голема проневера.“, рече Филипче.

    Филипче нагласи дека во „Отворени финансии“ за исплатата на овие 5 милиони евра нема ништо, иако премиерот тврдеше дека сите податоци се достапни во овој систем. Тој додаде дека целата постапка отвора многу сомнежи.  

    „Која е таа постапка во која што со заклучок на Влада или некое јавување на премиерот на телефон на директорот на државна Лотарија може да се управуваат 5 милиони евра народни пари. Без одлука на Собранието на акционери, без ништо. Без ниту еден податок во „Отворени финансии“. Нема ништо. Нула податоци. Значи и тоа излажа премиерот. Рече, видете, се има во „Отворени финансии“. Нема ништо. Нема ни трага од 5-те милиони евра, народни пари, пари на граѓаните, кои што отишле во џебови на изведувачи. Не знаеме кој колку добил. Нема никаков одговор ни на тоа прашање од страна на Владата. Сега и на малите деца, им е јасно дека станува збор за коруптивен проект на оваа арамиска влада, предводена  од главниот шеф Христијан Мицкоски“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ нагласи дека наместо милионските средства да се трошат на нетранспарентни проекти, тие можеа да бидат насочени кон граѓаните и оние на кои им е најпотребна поддршка. Тој посочи дека парите се потрошени на нетранспарентен начин, за што власта ќе се соочи со одговорност.

    „Наместо тие пари да се пренасочат за поддршка на семејствата, за поддршка на семејствата во период на почеток на школската година, за поддршка на земјоделците, за поддршка на наставниците, лекарите, социјалните случаи, едноставно, потрошени се на нетранспарентен начин, за што ќе се соочат со одговорност. Ќе се соочат со одговорност. И ќе дојде тоа време. Мора сите да знаат. И мора сите директори луѓе околу премиерот и неговата организирана криминална група на кои што тој им дава насоки, да размислат, многу добро, посебно после оваа случка, дали вака слепо, ќе го слушаат, поради тоа што сите ќе одговараат.“, рече Филипче

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.