Close Menu
Press24
    Најново

    Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено

    03.03.2026 во 22:15

    Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува

    03.03.2026 во 22:06

    Вреди наскоро ќе биде една партија

    03.03.2026 во 22:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
    • Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
    • Вреди наскоро ќе биде една партија
    • Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
    • Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
    • (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат
    • Пошумување на опожарена површина на Голак
    • Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ

    Филипче: Нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ

    19.11.2025 во 14:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање категорично ги демантираше шпекулациите за каков било таен  договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во одговорот, тој потенцираше дека е апсолутно невозможно да постои договор со политичари кои поставуваат прашања „колку чинат животите на децата во Кочани“ .

    „Јасно демантирам – нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се има договор што со луѓе кои што прашуваат колку чинат животите на децата во Кочани. Не може да има договор со луѓе кои што кажуваат дека сега не е време за реформи, било време на војни. Не може да има договор со луѓе кои што оставија 10.000 семејства во земјоделството без приходи заради корупција. Не може да се  има договор со луѓе кои што ништо не прават во образованието, ги оставија наставниците без зголемени приходи, нема раст на платите. Не може да има договор со луѓе кои ништо не прават во здравството, освен што неколку луѓе мешетараат од клиники и договараат тендери и договорени спецификации“, рече Филипче.

    Тој додаде дека не може да се има договор со луѓе кои што ја оставија државата на периферија на Европа, додека Албанија, Црна Гора ќе станат земји членки на Европска Унија. При тоа, Филипче порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со решавање на проблемите на државата и граѓаните, а не со СДСМ.

    „Не знам зошто тие се занимаваат со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, ама пред се со проблемите на граѓаните, кои што силно им тежат на грбот, а не се ни обидуваат да ги решат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Списокот е мал: Еве во кои земји е најбезбедно да се живее во случај на трета светска војна

    03.03.2026 во 10:10

    Хаос во касарната во Петровец: Припадник на Армијата фатен со марихуана во ранецот

    03.03.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.