Филипче: Не можеме веќе да живееме затворени, епидемијата може да трае и повеќе години

 

Според министерот за здравство, Венко Филипче, сега откако државата обезбедила доволно вакцини против ковид-19 за да бидат достапни за секој што сака да се заштити, повеќе не би требало да има затварања за сите, полициски часови и слично, туку граѓанките и граѓаните да си преземет одговорност за сопственото и за здравјето на најблиските.

Остануваат само основните мерки за спречување на ширењето на заразата – маски во затворено, или каде што има многу луѓе на мал простор, социјална дистанца и често миење раце.

„Епидемија може да трае и повеќе години, имаше некои предвидувања дека може да трае и до 2024, дека ќе премине можеби и во ендемска форма, ама тоа не значи дека ние треба да живееме затворени“, изјави министерот Филипче.

08.07.2021 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега