Филипче: Не може светот да живее со затворени граници

 Не може светот да живее со затворени граници. Најголем проблем е локалната трансмисија, вака одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање зошто земјава не воведува задолжителен карантин за тие што доаѓаат од странство и дали има ризик да „увеземе“ бразилски сој на КОВИД.

Според Филипче, најважно е да се придржуваме до превентивните мерки.

Ланскиот втор бран, потсети, беше резултат на еден сој кој беше типичен за нашето поднебје и беше поприсутен од почетокот на ноември.

-Минатата година не беше увезен ниаков сој на вирус, а повторно имавме силен бран како што имаме сега. Затоа е битно, без разлика на сите форми и соеви на вирусот, да се придржуваме до превентивните мерки зашто тие се универзални и важат како превенција за кој било тип на вирус, истакна министерот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега