Филипче: Мора да се живее со вирусот и рестрикцијата на движење нема да има ефект
Здравствениот систем од крајот на февруари и почетокот на март е во постојана вонредна состојба, вели министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.
„Мора да се живее со вирусот и рестрикцијата на движење нема да има ефект. Мерките се задолжително носење на маски и забрана за групирање, но да живееме нормално.Актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 во земјава, мерките и активностите на надлежните институции – главна тема на денешната деветта седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски“, изјави Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа