Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    01.10.2025 во 21:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“,  во Македонски Брод,  нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност.

    „Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно е зошто е така. Безидејноста доаѓа од фактот што немаат што да кажат. Што да каже ВМРО-ДПМНЕ? Со што да се пофали? Нема ништо, нема ниту еден проект, ниту една политика во интерес на граѓаните. Економијата потона, граѓаните потешко живеат,“ рече Филипче.

    Во обраќањето пред граѓаните, Филипче посочи дека економската реалност е далеку од розова и дека граѓаните го чувствуваат тоа секојдневно.

    „Ова е факт, ова не е нешто што може Мицкоски преку неговите мегафони да го спинува. Сите знаат колку пари имаат во џебот, а секој ден се потешко се живее. Платата не стига ниту за првите две недели од месецот, граѓаните бираат дали да купат храна, дали да платат сметки.Растат разликите меѓу сиромашните и богатите, типично вмровски, минималната плата не ја качуваат“ рече Филипче.

    Тој додаде дека земјите се движат напред, додека Македонија со актуелната власт стагнира во секоја област.

    „Албанија ја покачува минимална плата на 520 евра, ама за Мицкоски 400 евра биле доволно. За неговиот пулен Трајко Славески, тие биле многу.

    Земјоделството го урнисаа, сите сектори во земјоделството имаат полоши приходи, секој земјоделец има помалку приход“, рече Филипче.

    Поради тоа што нема со што да се пофалат, како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со сензационализам и спинови за опозицијата.

    „И сега ВМРО ДПМНЕ немаат со што да се пофалат па се бават со опозицијата. Кој со кого коалицирал, кој со кого се договарал. Се прашувам, нели ви е срам? Вас ве избраа луѓето да ги решавате проблемите, не да расправате кафански муабети од прес-конференции. Срамно е колку ниско се паднати, но тоа е за очекување – резултати немаат“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.