Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека премиерот Мицкоски додека беше во опозиција, лажеше и обвинуваше за криминал за Коридорот 8, додека во фирмата за надзор е влезен кадар на ВМРО. Филипче посочи дека станува збор за значаен инфраструктурен проект кој неправедно беше политизиран и искористен за напади од страна на ВМРО додека беа во опозиција.
„Коридорот е добар проект. Тоа беше Коридор за кој што ние од страна на Христијан Мицкоски бевме обвинувани дека е некаков голем, страшен криминал. Излезе една новинарска анализа, после обвинувањето за надзорот на автопатиштата, за кое што тогаш во опозиција Христијан Мицкоски обвинуваше дека станува збор за кој знае каков криминал и дека некој ќе одговара, а во фирмата влегол претставник, член поранешен на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.
Во одговорот Филипче нагласи дека суштинското прашање е како Владата на ВМРО е вградена во секој проект за да зема пари.
„Тоа е вистинското и суштинско прашање. Не се проблем коридорите, патиштата, сè што се гради од државава. Прашање е како оваа банда е вградена во секој проект за да зема пари. Тоа е клучното прашање“, рече Филипче.


