Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија повеќе не е на европската агенда поради Мицкоски

    Филипче: Македонија повеќе не е на европската агенда поради Мицкоски

    11.07.2026 во 12:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека  државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда.

    „Во текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказот дека ние не постоиме на европската агенда, после најавата за така наречен супер вторник, тој е следниот вторник на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавија, ќе се отворат кластери за преговори за Украина и за Молдавија, ќе се затворат поглавија повеќе две односно три за Црна Гора и Албанија. И при тоа со конкретни чекори Европската Унија кажува дека проширувањето е високо на листата на приоритети во нивната агенда“, рече Филипче.

    Филипче посочи дека и еврокомесрката Марта Коса порача дека Македонија треба да каже дали останува на европскиот пат. 

    „За време на последната посета на еврокомисарката Марта Кос, која јасно, гласно, недвосмислено кажа дека треба Македонија јасно да каже дали останува на европскиот пат, очигледно е дека благодарение на премиерот Христијан Мицковски и ВМРО, ние на тој пат повеќе не сме“, рече Филипче.  

    На прес-конференцијата, Филипче укажа дека  државата и граѓаните се оставени како заложници на личната немоќ на премиерот да се справи со најважното стратешко прашање за државата.

    „Очигледно е дека сме заложници на личната немоќ на премиерот Мицкоски да се справи со ова најважно прашање за нашата иднина, за иднината на граѓаните на Македонија, а тоа е членството во Европската Унија.  Заложници сме на неговата некапацитетност да изгради државна стратегија за тоа како ќе станеме земја-членка на Европската Унија. Заложници сме на лагите со кои тој дојде на власт и сега со истите лаги останува на власт. Тоа што не ни бега и што е очигледна иднина на оваа држава, која во овој момент ја води Христијан Мицкоски, е очигледната изолација“, рече Филипче.

    Притоа, тој додаде дека Македонија останува надвор од европските текови и подложна на влијанија што му штетат на евроинтегративниот процес.

    „Кога има сè повеќе информации и официјални извештаи на Европскиот парламент кои укажуваат дека има силно руско влијание во регионот, дека има центри во Србија на разузнавачките руски служби кои влијаат на земјите во регионот и го поткопуваат нивниот суверенитет и го забавуваат пристапувањето во Европската Унија, очигледно е дека една од тие земји во кои овие активности имаат резултат е Македонија. Остануваме надвор од сите европски текови, подложни на силно влијание на процеси кои му штетат на евроинтегративниот процес, кој со децении наназад е стратешка определба на нашата земја“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.