Филипче кон Зибери: Вашата изјава е неколегијална - нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата
Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи по обвинувањата на директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери дека тој ја користел владината говорница за изборни препукувања.
Филипче вели Зибери нема право да изнесува невистини и да ја поткопува работата и одлуките на Комисијата за заразни болети само затоа што во тек е изборна кампања.
-Четири месеци градиме доверба и работиме транспарентно. Во ниеден момент не донесовме политички мотивирани одлуки и ова вие добро го знаете. Вашата изјава е неточна, штетна и пред сѐ неколегијална, што исклучително ме загрижува. Моја должност како министер меѓу другото е да го штитам угледот на колегите од комисијата и нивните стручни одлуки. Верувам дека разбирате каква штета нанесувате во овие чувствителни моменти кога заеднички се бориме за иста цел. Го ценам придонесот на сите кои се борат со епидемијата, вклучително и вашиот, но нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата, напиша Филипче на социјалната мрежа Фејбук.
Директоре Зибери,
Tоа што сте во изборна кампања не ви дава за право да изнесувате невистини и да ја поткопувате...
Posted by Венко Филипче on Thursday, 25 June 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа