Филипче: Комисијата за заразни болести го одобри предложениот протокол за јавни настани

Комисијата за заразни болести денеска на состанок го одобри протоколот за организирање јавни настани кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во изјава за медиумите по посетата на Детската болница Козле, Филипче рече дека денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Филипче истакна дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, картите ќе се продаваат електрионски за да не се прават редици и метеж и задолжително ќе се носат заштитни маски.

– Мислам дека е одличен проткол. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат  спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап, истакна министерот за здравство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега