Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Јазикот не е тема за 21 век – вистинското прашање е како младите да останат во државата

    06.04.2026 во 22:50

    Зеленски: Киев ѝ предложи енергетско примирје на Москва преку американски посредници

    06.04.2026 во 22:37

    Утре е Благовец: Бакнете ја мајката

    06.04.2026 во 22:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Јазикот не е тема за 21 век – вистинското прашање е како младите да останат во државата
    • Зеленски: Киев ѝ предложи енергетско примирје на Москва преку американски посредници
    • Утре е Благовец: Бакнете ја мајката
    • Филипче: Фабрики се затвораат, околу 1.500 работници се на улица
    • Филипче: Мерките на владата се задоцнети, граѓаните веќе ја плаќаат цената
    • Освоил 12,3 милиони, но парите не ги подигнал – наградата е донирана
    • Мицкоски: Обрска ни е да инвестираме во Државниот архив
    • Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Јазикот не е тема за 21 век – вистинското прашање е како младите да останат во државата

    Филипче: Јазикот не е тема за 21 век – вистинското прашање е како младите да останат во државата

    06.04.2026 во 22:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто  во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, во однос на протестот на студентите кои бараат правосудниот испит да се полага и на албански јазик, истакна дека законски решенија за ова прашање веќе постојат. Филипче повика на рационален пристап и додаде дека не треба да се отвораат веќе затворени прашања со кои што се врши дефоукс од реалните проблеми во државата.
    „Ова е дефокусот на главните проблеми во државата, тоа сака власта да направи. Кое е логичното објаснување да ако студент студира на албански или на друг јазик и сите испити за време на студиите ги полага на албански јазик, сега последниот, правосудниот испит, да не биде на албански јазик? Што се аргументите? Зошто отвораме нешто што сме го затвориле порано, зошто кога македонскиот и албанскиот народ се пример не во Европа, во светот за соживот. Ние треба да одиме чекор напред, да разговараме за други работи, не како и на кој јазик се полага правосудниот испит“, рече Филипче.

    Тој додаде  дека во развиените европски земји ваквите прашања не се тема и  јазикот се гледа како предност.
    „Ние мораме да бидеме конечно модерно општество. Во развиените европски земји не се разговара на оваа тема. Секаде каде што сум јас бил како експерт, лекар во европски земји, во Италија, во Швајцарија, во Германија, јазикот е само едно богатство“, рече Филипче.

    Филипче потенцираше дека вистинскиот проблем е иселувањето на младите и недостатокот на услови за нивен развој.
    „И тука веќе нема разговор која е националноста на децата. Што оваа влада ќе им понуди на тие да останат во земјава, тоа е суштинското прашање. Што ќе им понуди? Ќе им понуди добар систем, високи плати, ќе им понуди европски пасоши? Мораме да разговараме за работи коишто ни носат вистински прогрес“, рече Филипче.

    Популарно

    Филипче: Јазикот не е тема за 21 век – вистинското прашање е како младите да останат во државата

    06.04.2026 во 22:50

    Зеленски: Киев ѝ предложи енергетско примирје на Москва преку американски посредници

    06.04.2026 во 22:37

    Утре е Благовец: Бакнете ја мајката

    06.04.2026 во 22:04

    Филипче: Фабрики се затвораат, околу 1.500 работници се на улица

    06.04.2026 во 21:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.